3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски прими бизнис делегација од ОАЕ

Груевски прими бизнис делегација од ОАЕ

gruevski-biznis-delegacija

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во Скопје оствари средба со бизнис делегација од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Средбата се одржа по скорешната посета на претседателот Груевски на ОАЕ каде оствари средба со престолонаследникот Шеик Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан, соопшти во средата владината прес служба.

Во разговорите бил ставен посебен акцент на интересот за продолжување на економската соработка, зголемување на надворешно трговската размена и соработката на полето на инвестициите, при што беше договорено дека ќе се испрати бизнис делегација која треба да ги утврди бизнис можностите и поволностите кои ги нуди Република Македонија.

Делегацијата престојуваше во Македонија два дена при што нивниот интерес се повеќе проекти и можности за соработка во делот на туризмот, енергетиката, земјоделието, инфраструктурата и повеќе други области.

Груевски во текот на вчерашниот ден оствари и средба со еден од основачите на организацијата Македонија 2025, стопанственикот и менаџер, Мајк Зафировски. На средбата се разговараше за теми од економијата, инвестициите и поддршка и јакнење на капацитетите во образованието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП