17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд следната година стартува забраната на Русија за увоз на производи од...

Од следната година стартува забраната на Русија за увоз на производи од Украина

proizvodi uvoz 333

Од 1-ви јануари 2016-та година Русија ќе воведе забрана за увоз на прехранбени производи и од Украина, пренесе руската новинска агенција ТАСС. Мерката беше претставена како „заштитна акција“ од рускиот министер за економски развој Алексеј Улејкаев.

„Како што Украина се приклучи на санкциите против Руската Федерација – економски и финансиски, ние зедовме решение за воведување на заштитни мерки во форма на производно ембарго“, изјави тој за рускиот телевизиски канал „Россия 24“.

Мерките се исти, кои Москва ги наметна против земјите од ЕУ. Заменик-претседателот на ветеринарната и фитосанитарната служба на Русија, Алексеј Алексеенко пак ги смири Русите дека забраната нема да доведе до дефицит на прехранбени производи на пазарот.

Ограничувањата беа идентификувани како „манифестација на економска агресија спрема Украина“ од премиерот на земјата Арсениј Јаценјук. Пресметките на Киев покажуваат дека загубите од ембаргото ќе чинат до 600 милиони долари.

Во исто време, сепак, забраната ќе ја намали зависноста на украинската економија од Русија.

„Ако пред тоа нашата зависност беше 35%, сега таа ќе достигне до ниво од 12,5%“, рече Јаценјук.

ТАСС потсетува дека во средината на септември украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша указ за санкции против 388 физички и 105 правни лица од Русија. Меѓу нив се 29 банки и 20 авиокомпании, како и неколку компании од воено-индустрискиот комплекс.

Во 2014-та година увозот од Украина во Русија достигна вредност од 10,75 милијарди долари. Според податоците на руската статистика уделот на производство, чиј увоз ќе биде ограничен, е 3% од вкупниот увоз, или 414,5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП