17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на американските резерви ја поттикна цената на нафтата

Падот на американските резерви ја поттикна цената на нафтата

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

Цената на нафтата порасна денеска на светските берзи, поттикната од намалените ризици и зголемените активности на преработката во САД, иако аналитичарите проценуваат дека во претстојниот период цената ќе ја кочи прекумерната понуда.

На лондонската берза цената на барелот порасна 1,06 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 44,63 долари. Вчера тргувањето го заклучи во минус 99 центи. На американскиот пазар со барелот се тргува по 75 центи повисока цена, од 41,42 долари.

Американскиот институт за нафта (API) во вторникот извести дека американските залихи на сирова нафта паднале во минатата недела за 482 илјади барели, делумно поради зголеменото рафинериско производство. Аналитичарите кои ги анкетираше Reuters во просек очекуваа раст за 1,9 милиони барели.

Официјалните податоци на американската влада ќе бидат објавени во текот на денот.

И покрај денешниот раст на цената повеќето аналитичари очекуваат дека таа ќе се задржи на ниско ниво до крајот на годината, како и дека во 2016-та година производството ќе ја надмине побарувачката.

„Падот на резервите претставува сигнал за макротрговците дека цената ќе расте. Но, доколку го занемариме движењето на дневна база, темелните податоци укажуваат на пад на цената“, толкува Виренда Чаухан од Energy Aspects, посочувајќи го примерот со складирањето.

Складиштата на копно веќе се преполни, а складирањето во танкери е поскапо од цените на оние за испораки во краток рок. Моментно цените за испорака во јануари 2017-та година се за шест долари повисоки од оние за испорака во јануари наредната година, што не е доволно за оправданост за складирање во танкери, со оглед дека во сметката треба да се вклучат и трошоците за превоз.

Оценките за прекумерната снабденост денеска ги потврди и официјалниот податок дека Саудиска Арабија во септември го зголемила извозот за 113.000 барели дневно, на 7,111 милиони барел дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП