21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичкиот и рударскиот сектор под притисок на европските берзи

Туристичкиот и рударскиот сектор под притисок на европските берзи

berza 392

Денеска паднаа цените на акциите на европските берзи, по силниот раст од претходниот ден, а под најголем притисок се најдоа рударскиот и туристичкиот сектор.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11.00 часот беше во минус 0,6 отсто, откако вчера скокна 2,6 отсто.

Лондонски FTSE истовремено беше во минус 0,60 отсто, на 6.232 поени, додека париски CAC ослабна 1,0 отсто, на 4.887 поени, а франкфуртски DAX 0,75 отсто, на 10.891 поен.

На европските берзи владее внимателност додека се следат збиднувањата во Франција, каде во против-терористичка операција во северниот дел на Париз загинаа две лица, поврзани со нападите на главниот град на Франција во петокот, кога загинаа 129 лица.

Вчера, пак, поради опасност од терористички напад во Германија беше откажан меѓународниот фудбалски натпревар, додека два авиони на Air France на летото од САД за Париз беа пренасочени од безбедносни причини.

Од овие причини, се тргува внимателно, а цената на акцијата на Air France KLM изутрината падна за над 1 отсто.

Под најголем притисок, пак, е рударскиот сектор поради пад на цената на сировините.

За 0,6 отсто во просек паднаа и цените на акциите во туристичкиот сектор, кој би можел да претрпи значителни штети поради тероризмот.

„Европските берзи и натаму делуваат забавено“, вели Ричард Грифитс, директор во компанијата Berkeley Futures.

Очекувањата дека европската централна банка (ЕЦБ) наскоро би можела дополнително да ја олабави монетарната политика ги поддржува надежите на инвеститорите дека цените на европските акциите дополнително би можеле да пораснат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП