22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија – рај за таленти

Швајцарија – рај за таленти

shutterstock_150411200-638x380

Швајцарија е најдобрата држава за таленти, се наведува во Извештајот на институтот за развој на деловното управување од Лозана.

На врвот на листата со најдобри места за талентираните лица се наоѓаат и Данска, Луксембург, Норвешка, Ирска, Холандија, Финска, Германија, Канада, Белгија и Сингапур.

Извештајот вклучува 61 земја, кои се рангирани во Светскиот годишник за конкурентност.

Основните критериуми користени за изработка на извештајот се способноста на земјите да ги развијат, привлечат и задржат надарените луѓе со цел да создадат база на талентирани лица кои се неопходни за компаниите и економијата на земјата.

Извештајот се базира на критериумите за инвестирање во развојот на надарените луѓе, со помош на јавните инвестиции во образованието, како и квалитетот на образовниот систем.

Друг клучен фактор на кој се базира извештајот е привлекувањето на таленти, што се одразува со способноста на некоја земја да ги задржи своите надарени луѓе и да привлече талентирани луѓе од странство.

Како трет клучен фактор се наведува подготвеноста на некоја земја да ги задоволни потребите на пазарот за труд со расположливите надарени луѓе, како и базата на талентирани луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП