21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа кои земји се должи светскиот економски раст? (фото)

На кои земји се должи светскиот економски раст? (фото)

Arrangement of various world currencies including Chinese Yuan, Japanese Yen, US Dollar, Euro, British Pound, Swiss Franc and pictured in Warsaw, January 26, 2011. REUTERS/Kacper Pempel

Повеќето инвеститори се добро запознаени со земјите од „МИНТ“ (Мексико, Индонезија, Нигерија и Турција) и „БРИКС“ (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка). Тоа се пазари со брзо растечки економии, а инвеститорите очекуваат овие земји да се „мотор“ на глобалниот економски раст како во моментов, така и во иднина, коментира „Visual Capitalist“.

Aнализата подготвена од „Boston Consulting Group“, покажува дека околу 52% од целиот светски економски раст меѓу 2014-та и 2016-та година може да биде оддаден на Кина и САД. Иако економијата на Кина веројатно навистина се забавува, а американскиот економски раст не е како што беше, овие две економии остануваат лидери поради големината и влијанието.

Всушност, се чини дека само 16 земји во светот придонесуваат со 1% или повеќе за растот како целина. Сите останати земји во светот вкупно формираат само 18,5% од вкупниот раст.

Земјите од „МИНТ“ се дел од табелата на „Visual Capitalist“, така што Мексико придонесува со 1,6%, Индонезија – со 2,2%, Нигерија – со 1,3% и Турција – со 1,2% за светскиот економски раст.

Ситуацијата кај земјите од „БРИКС“ сепак е малку поинаква. Додека Кина (30,3%) и Индија (6,5%) заземаат значителен простор во графиконот, останатите земји виделе и подобри времиња.

Русија доживува особено сериозни потешкотии по падот на цените на нафтата, а земјата всушност има негативен ефект врз растот на светската економија од -1,3% во 2016-та година. Бразил реално придонесува со 0,0% за светскиот економски раст, т.е. во моментов не се зема во предвид никакво влијание.

paricinja 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП