ЗДРАВЈЕ

Што всушност јадеме? Ја бојадисуваат храната со хемикалии за да изгледа посвежо! (видео)

bojadisuvanje

Често слушаме приказни како овошјето и зеленчукот се бојадисуваат со цел да изгледаат посвежо и се надеваме дека тоа се само приказни, но…

Судејки според видеото кое се појави на YouTube за жал тоа е вистина.

Во видеото се гледа како зеленчук, поконкретно грашок, се бојадисува, а на лубеницата и се вбризгува некаква црвена хемикалија со цел внатрешноста да и биде интензивно црвена и да ги измами купувачите со својот изглед.

Хемикалијата која е прикажани во видеото, еритрозин Б, обично се кориси во слаткарството за некои видови на бонбони и гелови за украсување на торти. Тоа е всушност адитив (Е 127)

Американското Здружение за храна (FDA)1990 година покрена делумна забрана за користење на еритрозин, бидејќи истражувањата покажаа дека неговата прекумерна консумација при испитувањата кај глувците предизвикала карцином.