28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа азиските берзи внимателност, доларот јакне

На азиските берзи внимателност, доларот јакне

berza azija

На азиските берзи во средата се тргува претпазливо, бидејќи поради стравувањата од нови терористички напади во Европа спласна наклонетоста на инвеститорите на ризикување, додека американскиот долар јакне поради можното зголемување на каматите во САД.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување во средата беше во плус од 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 0,3 отсто. Берзанските индекси во Хонгконг, Сингапур и Шангај, пак, се лизнаа меѓу 0,1 и 0,4 отсто. Така, MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус од 0,2 отсто.

На азиските берзи во средата се тргува претпазливо, како и во вторникот на Волстрит, поради нејасните сигнали од американската економија и поради тоа што вложувачите се загрижија од настаните во германски Хановер каде што беше подигната тревога поради многу веројатни терористички напади. Додека во Париз по петочниот масакр продолжува пресметка со терористите.

„Само неколку дена по нападите во Париз, тоа е природна реакција, иако на пазарите е постигнат консензус дека влијанието на терористичките напади врз пазарите ќе биде ограничено“, вели во анкетата на Reuters Хироказу Кабеја, стратег во компанијата „Daiwa Securities“.

Инвеститорите на внимателност ги наведоа и нејасните сигнали од американската економија. Потрошувачките цени во октомври пораснале, по двата месеца пад, додека индустриското производство паднало. Умерениот раст би можел да ја наведе американската централна банка на зголемување на каматите во декември, додека слабоста на индустријата го отвора прашањето за темпото на раст на најголемата светска економија во тековниот квартал.

А на валутните пазари доларот јакне бидејќи е многу веројатно дека американскиот Fed во декември ќе ги зголеми клучните каматни стапки, првпат од 2006 година,

Цената на американската во однос на јапонската валута во средата претпладнето се движи околу 123,40 јени, исто како во истиот период од вчерашниот ден. Но доларот зајакна во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна од вчерашните 1.0659 на 1.0630 долари, најниското ниво во последните шест месеци.

Индексот на доларот, која ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути најголеми трговски партнери на САД, се движи околу 99,70 поени, недалеку од највисокото ниво во 12 години на 100,39 поени, кое го достигна во март годинава.

Поради високиот курс на доларот, под притисок се цените на металите кои се искажуваат во американската валута. Така цената на бакарот се лизна на 1,5 отсто, на 4.590 долари за тона, најниското ниво во последните шест ипол години. Бакарот се смета за показател на кондицијата на светската економија имајќи ја широката употреба на оваа руда во индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП