4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: Новите и подобрени патишта ќе придонесат за економски развој на југоисточна...

Ставрески: Новите и подобрени патишта ќе придонесат за економски развој на југоисточна Македонија

patista555

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит во висина од 64 милиони евра за модернизација на македонската национална патна мрежа.

„Со финансирањето на реконструкцијата на една од клучните национални патни рути А4, Банката ја подобрува оваа витална трговска конекција со соседна Бугарија, а со тоа и со Европската унија(ЕУ)“, соопштуваат од ЕБОР.

Кредитот е земен со суверена гаранција од државата и се реализира преку македонското Јавно претпријатие за државни патишта.

Како дел од патот А4, подобрениот патен правец ќе ги поврзе и новиот автопат Миладиновци-Штип.

„Горди сме што ја поддржуваме реформата во македонскиот патен сектор. Ова е наш шести проект што се темели на успехот на нашата претходна соработка со владата и ЈПДП. Веруваме дека ова инвестиција ќе одигра витална улога во подобрување на важните конекции со Македонија и со ЕУ“, изјави Сју Барет, директор за транспорт во ЕБОР.

„Оваа трансакција е значајна за регионот на Западен Балкан, бидејќи ги подобрува конекциите за транспорт и трговија со ЕУ, им помага на економиите да растат и ја подобрува меѓуграничната трговија. Веруваме дека постоечките бизниси, како и инвеститорите, ќе имаат корист од овој проект, бидејќи и со него значајно се зголемува активноста на регионите“, истакна Холгер Муент, директор за Западен Балкан на ЕБОР.

„Овој проект на Банката претставува континуиран придонес за подобрување на транспортната инфраструктура и ја истакнува нејзината посветеност за разрешување на клучните предизвици од транзицијата со кои се соочува земјата“, нагласи Анка Јонески, претставник на ЕБОР за Македонија.

„Со изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш, како и на другите проекти од патната инфраструктура кои ги реализираме во овој регион, ќе се овозможи од jуго-источна Македонија, до главниот град да се пристига за само еден час. Имаме доста амбициозна агенда за југо-источниот дел од Македонија, коja ќе придоне за негов економски развој”, истакна Зоран Ставрески, заменик претседател на македонската влада и министер за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП