13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајк на словенечката полиција

Штрајк на словенечката полиција

slovenija_izbjeglice_epa_main_0

Словенечката полиција денес наутро започна штрајк.

Претседателот на полицискиот синдикат Зоран Петрович рече утрово пред новинарите пред зградата на Владата дека со штрајкот сакаат да спречат понатамошно влошување на безбедносната состојба во земјата и најави можна ескалација на штрајкот доколку не дојде до напредок во преговорите со владата околу условите за работа и платата.

Полицијата бара зголемување на платите за 35 отсто, што нивните примања би ги довело на ниво на европскиот просек, тврдејќи дека станува збор за ветување на владата од пред повеќе години што требало да се исполни откако националниот БДП ќе порасне за 2,5 отсто, што се случи оваа година.

Според оценката на владата, исполнувањето на барањата на полицискиот синдикат би го чинело буџетот 90 милиони евра годишно, девет пати повеќе од помошта што Европската комисија(ЕК) ја одобри на Словенија заради бегалската криза, која мораше максимално да ја ангажира полицијата, како и дел од војската.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП