18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит внимателен, индексите стагнираа

Волстрит внимателен, индексите стагнираа

volstrit-berzi

На Волстрит во вторникот се тргуваше претпазливо бидејќи економските показатели се нејасни и бидејќи вложувачите реагираа загрижено на веста за откажувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Германија и Холандија поради продолжената опасност од терористички напади во Европа.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,04 отсто, на 17.489 поени, индексот Nasdaq за 0,03 проценти, на 4.986 поени, а индексот S&P 500, пак, падна за 0,13 отсто, на 2.050 индексни поени.

На самиот почеток од тргувањето во вторникот индексите беа во позитива, продолжувајќи го подемот од понеделникот, благодарејќи на подобрите од очекуваните деловни резултати на трговските синџири „Wal-Mart“ и „Home Depot“. Цената на акцијата на „Wal-Mart“ скокна за повеќе од 3,5 отсто, а на „Home Depot“ за повеќе од 4 проценти, па трговскиот сектор во вторникот беше најголем добитник со раст од 1 отсто.

Меѓутоа, подоцна во текот на вторничното тргување пазарот ја промени насоката, па од 10-те сектори на S&P индексот, седум загубија на вредноста.

Вложувачите беа загрижени од откажувањето на пријателскиот фудбалски меч меѓу селекциите на Германија и Холандија во Хановер, поради сериозна закана од терористички напади. Тоа укажува дека продолжуваат заканите и зголемените мерки на безбедност во Европа по петочните терористички напади во Париз.

Инвеститорите беа претпазливи и поради нејасните сигнали од економијата. Потрошувачките цени во САД во октомври пораснале, по двата месеца пад, додека индустриското производство паднало. Умерениот раст на инфлацијата би можело да ја наведе американската централна банка на зголемување на каматите во декември, додека слабостите на индустријата отвораат прашања за брзината на растот на најголемата светска економија во сегашниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП