29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗападноевропски даночен модел: Еди Рама го укина данокот за мали бизниси

Западноевропски даночен модел: Еди Рама го укина данокот за мали бизниси

edi-rama

Малите и средни претпријатија кои се регистрирани во Албанија, а кои немаат годишен обрт поголем од 36,400 евра, од 16 ноември, не подлежат на наплата на данок. Со ваквите реформи Албанија се приближува до западноевропските држави и нивниот даночен модел. Останува да видиме какви потези ќе направат другите соседни земји.

Албанскиот премиер Еди Рама на пресконференцијата за новинарите соопшти дека оваа држава го укинува оданочувањето на мали и средни претпријатија чиј годишен обрт не надминува 36,400 евра, овозможувајќи и на економијата уште поголем поттик за раст.

За останатите компании данокот се намалува

Тука е и новиот модел за наплата на даноци за оние бизниси чие работење во фискалната година ќе оствари обрт до 60.000 евра, на што Рама коментираше „Сите претпријатија кои на годишно ниво ќе имаат обрт до 36.000 евра, се исклучуваат од системот за наплата на даноци. Сите други бизниси кои ќе направат обрт меѓу 36.000 и 58,200 евра, ќе подлежат на оданочување, но по нови стапки – од 7,5 проценти данок на профит на 5 проценти.

Потегот на албанскиот премиер многумина го карактеризираа како ветар во грбот на технолошките стартапи и малите бизнис кои штотуку започнуваат, а укинувањето на данокот и новите даночни олеснувања би можеле дополнително да и помогнат на оваа држава кога станува збор за стартап екосистемите, но и привлекувањето на нови инвестиции.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП