2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрачниот пар Логин повторно се најбогати Словенци

Брачниот пар Логин повторно се најбогати Словенци

Samo in Iza Login Franc Jager Branka Aralica

Брачниот пар Иза и Само Логин повторно се на чело на листата најбогати Словенци, според оценката на магазинот „Менаџер“ за 2015-та година.

Основачите на компанијата „Outfit7“ имаат, според оваа оценка, богатство од 855 милиони евра. Во однос на минатата година, нивното богатство е зголемено за 238 милиони евра.

На второ место е Санди Чешко, сопственик на „Студио Модерна“ чие богатство во однос на минатата година е намалено за 31 отсто и изнесува 271 милион евра.

Третата позиција ја зазема Марко Пистотник, косопственик на компанијата „Outfit7“ (со седиште во Лондон) со 260 милиони евра (+35%), a на четврто место е Јоц Печенчник сопственик на компанијата „Интербок“ со 240 милиони евра (+6%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП