10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT 124 Spider - духот на минатото во модерна форма (фото+видео)

FIAT 124 Spider – духот на минатото во модерна форма (фото+видео)

124 spider

„FIAT“ ги објави фотографиите и техничките детали од својот нов „роудстер“ кој настана во соработка со „Mazdа“.

Новиот „124 Spider“ може да се опише како автомобил кој во себе ја соединува јапонската сигурност со спортско „срце“ на еден „Abarth“.

124 spider1

Иако е заснован на новата „Mazdа MX-5“, италијанскиот двојник значително се разликува според дизајнот на надворешноста, чија инспирација треба да се бара во оргиналниот „FIAT 124 Spider“ од 60-тите.

Влијанието на постариот модел е видлив најпрво во заоблените „LED“ дневни светла и формата на маската на ладилникот.

124 spider2

Од друга страна, ентериерот е практично прекопиран од „Mazdа“, a тоа дека се возите во „FIAT“ ве потсетува единствено амблемот на воланот.

Од „MX-5“ е превземен дури и мултимедијалниот систем, кој за потребите на италијанскиот модел ја доби ознаката „FIAT Connect 7.0“.

124 spider3

Под хаубата се наоѓа четирицилиндарскиот 1.4-литарски „Abarth“ турбо бензинец со 160 ks (119 kW) и 249 Nm, што значи дека „124 Spider“ располага со иста моќ како и помоќната верзија на „Mazdа MX-5“, но „FIAT“ има за 50-тина Nm поголем максимален вртежен момент.

Моторот е поврзан со шестстепен мануелен или изборен автоматски менувач со ист број на брзини.

124 spider4

Од „FIAT“ очекуваат дека „124 Spider“ ќе им ја подобри продажбата во САД (поради што и дизајнот на екстериерот е „американски“), па од маркетиншки причини за тамошните купувачи е подготвена ограничена серија од 124 примероци кои ќе ја имаат ознаката „Prima Edizione Lusso“.

Секој автомобил ќе биде нумериран, а ќе се продава исклучиво во сина „Azzurro Italia“ боја на каросеријата, додека седиштата и ентериерот ќе бидат „Saddle“ светло кафена боја.

По светската премиера на авто-саемот во Лос Анџелес, „FIAT 124 Spider“ на американскиот пазар ќе пристигне во текот на летото 2016-та.

Што се однесува до европската верзија, таа би требало да биде претставена на саемот за автомобили во Женева во март 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП