20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на невработеноста во Ирска

Пад на невработеноста во Ирска

dablin1

Стапката на невработеност во Ирска се намалила во октомври на седумгодишен минимум од 8,9 проценти, со силен раст на вработувањето во повеќето сектори, пред се во градежниот.

Невработеноста минатиот месец е намалена од септемвриските 9,1 проценти, а на врвот од 15,1 проценти беше во 2012 година, по што економијата на Ирска започна да зајакнува, благодарение на излезот од меѓународната програма за помош, пренесува агенцијата АП, покажаа податоците на ирскиот Завод за статистика.

Заменик премиерот Џоан Бартон ги поздрави податоците за невработенсота, порачувајќи дека Ирска се движи со посакуваната брзина во вистинска насока.

Ирска исто така соопшти дека планира да инвестира 2,8 милијарди евра во изградбата на училишта во обид да го зајакне градежниот сектор, кој е камен темелник на економијата по нејзиниот колапс во 2008 година, во светло на глобалниот кредитен крах и изложеноста на ирските банки на токсични хипотекарни кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП