12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокна профитот на Walmart

Скокна профитот на Walmart

walmartpresh5uy5uhb

Американскиот трговски ланец „Walmart“ во третиот квартал оствари поголем промет, и покрај тоа што силниот долар изврши притисок на работењето во странство.

Во три месеци заклучно со 31 октомври „Walmart“ заработи 3,3 милијарди долари или 1,03 долари по акција, во однос на 3,71 милијарди долари или 1,15 долари по акција една година претходно, соопшти компанијата, а пренесува американската агенција АП.

Во соопштението се додава дека 13 аналитичари, кои ги анкетираше истражувачката компанија ZAKS, очекуваа заработка од 97 центи по акција.

Приходите на компанијата се намалени на 117,42 милијарди долари од ланските 119 милијарди долари, додека аналитичарите прогнозираа приходи од 117,82 милијарди долари.

Продажбата во продавниците во САД, отворени најмалку една година, порасна за 1,5 проценти, што е петти последователен квартал. Овие податоци се клучно мерило за финансиското здравје на „Walmart“, бидејќи од нив се исклучени резултатите за работењето на продавниците кои неодамна се затворени или отворени.

Како што наведува АП, прометот пораснал за 1,7 поценти, додека нето продажбата на меѓународното оделение на „Walmart“ се намалила за 11,0 проценти на 29,81 милијарди долари.

Од почетокот на годината, акциите на „Walmart“ загубиле 33 проценти од вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП