23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на вработени Германци на рекордно ниво

Бројот на вработени Германци на рекордно ниво

germanija-berlin

Бројот на вработени Германци достигна во третиот квартал највисоко ниво во последните 25 години, во контекст на големиот бегалски бран кој најголемата европска економија настојува да ги интегрира во својот пазар на труд, покажуваат податоците на Destatis.

Во кварталниот период заклучно со септември бројот на вработени во Германија е зголемен за 0,8 отсто во однос на истиот период лани и достигна вкупно 43,2 милиони граѓани, најмногу од повторното обединување на Германија, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Бројот на вработени е зголемен за 343 илјади во однос на третиот квартал 2014 година, односно за 303 илјади или 0,7 отсто во однос на претходните три месеци, што се толкува како солидна изведба на германската економија.

Стапката на невработеност изнесува 6,4 отсто што и сто така најниска од обединувањето во 1990 година.

Во октомври во Германија имало 612.236 слободни работни места, објави агенцијата за труд.

На Германија и недостасуваат квалификувани работници во транспортот, логистика, металопреработувачката дејност и инженерството.

Аналитичарите сепак очекуваат дека бројот на невработени во Германија може да се зголеми во наредната година бидејќи многу новодојдени бегалци не говорат германски јазик, ниту располагаат со потребни квалификации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП