ЕКОНОМИЈА

Бесплатни прегледи за мерења на дишната функција

disenje

По повод светскиот ден за ХОББ (Хронична обструктивна белодробна болест) кој се одбележува под мотото „Не е предоцна“, Институтот  за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје ќе организира бесплатни прегледи за мерења на дишната функција.

Прегледите ќе се изведат во денес ,18.11.2015 година, во период од 10 – 13 часот во City mall.

Овој настан е од особена важност за да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест, како и нејзино навремено дијагностицирање и лекување.

Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на овие болни.

Еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето.