26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под 45 долари, фокусот на прекумерната понуда

Цената на нафтата под 45 долари, фокусот на прекумерната понуда

nafta kop

Цената на нафтата се задржа во вторникот на светските берзи под 45 долари, со оглед дека премијата на ризикот поврзана со терористичките напади во Париз е намалена, а фокусот повторно е насочен кон прекумерното снабдување.

На лондонската берза цената на барелот остана непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 44,43 долари. Вчера го заклучи тргувањето во плус два отсто. На американската берза со барелот за испорака во декември се тргува по цена од 34 центи пониска од вчера, од 41,40 долари.

Вчера цените скокнаа под влијание на геополитичката напнатост која ја предизвика терористичкиот напад во Париз во петокот, што поттикна ставување од нарушено снабдување. Франција изведе воздушни напади на позициите на Исламската држава во Сирија, повикувајќи ги САД и Русија да учествуваат во формирање на глобална коалиција која би ставила крај на екстремната група.

Денеска аналитичарите заклучија дека цената на нафтата и покрај терористичкиот напад во Париз и француската одмазда во Сирија ќе останат ниски до крајот на годината, како и во 2016 година, а пазарот да биде прекумерно снабден. Според одредени проценки, оваа година нивото на производство ќе ја надмине побарувачката за 700.000 до 2,5 милиони барели дневно.

„Се враќаме во нормала-пазарот се уште е прекумерно снабден додека вчера прилагодувањето на позициите по страшните настани во Париз“, толкува Тамаш Варга од PVM Oil Associates.

„Расположението би требало да биде повеќе во насока на раст на цените-освен ако геополитичката напнатост, која од петокот, секако, зајакна“, додаде Варга.

Разликата во цената на барелот на лондонската и на американската берза се намали на околу 1,94 долари за барел, од речиси четири долари кон почетокот на месецот. Многу шпекуланти се подготвуваат за натамошен пад на цените.

Одделно OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка на нафта во понеделникот изнесуваше 38,18 долари, што значи дека паднала за 1,03 долари во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП