13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНападите во Париз не го намалија оптимизамот кај Германците

Нападите во Париз не го намалија оптимизамот кај Германците

ger evro 33

Економскиот оптимизам во Германија порасна многу повеќе отколку што се очекуваше, пред се благодарејќи на домашната побарувачка, велат од Центарот за европски економски истражувања.

Во своето соопштение Центарот за европски економски истражувања (ZEW) додава и дека нападите во Париз засега немале негативно влијание.

Индексот на расположение кај бизнисмените на институтот „ZEW“ порасна во ноември на 10,4 поени или со 1,9 поени од претходниот месец, а аналитичарите очекуваа пораст од шест поени.

Ова е прво повлекување по седум месец на раст. Истражувањето кое беше извршено од 2-ри ноември до вчера, не ги опфати сите последици од терористичките напади во Париз во кои беа убиени 129 луѓе.

Институтот „ZEW“ соопшти дека „најверојатно економскиот песимизам не се зголемил по нападите во Париз“.

Шефот на „ZEW“, Клеменс Фуст изјави дека можностите на германската економија повторно ќе се подобрат како што се наближува крајот на годината.

Иако во последниот квартал растот на германската економија беше забавен на 0,3 oтстo, Фуст рече дека силната побарувачка и ниското евро допринеле за пораст на оптимизмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП