20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на Volkswagen падна во Европа по скандалот

Продажбата на Volkswagen падна во Европа по скандалот

Volkswagen-Group-11

Продажбата и пазарниот удел на германски Volkswagen во Европа паднаа во октомври и покрај растот на продажбата на вкупниот автомобилски пазар, бидејќи скандалот поврзан со емисијата на штетни гасови почна да го зема данокот, покажуваат официјалните податоци.

Регистрацијата на новите патнички автомобили во Европската унија (ЕУ) и во Европската слободна трговска зона пораснаа во минатото тромесечје за 2,7 отсто на годишно ниво, на 1,14 милиони објави Здружението на европските производители (ACEA).

Зголемување на бројот на регистрации во Европа се бележи 26 месеци по ред, но растот е побавен од претходните месеци, иако податоците за минатиот месец опфатија еден работен ден помалку во однос на октомври 2014-та година.

Но, продажбата на најголемиот европски производител, Volkswagen групацијата падна во минатиот месец за 0,8 отсто, а неговиот европски пазарен удел се намали од 26,1 отсто на 25,2 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Брендовите VW забележаа во минатиот месец пад на продажбата и тоа на Сеат за 11,2 отсто, Шкода за 2,9 отсто и на Фолксваген за 0,4 отсто. Сепак, премиум марките Ауди и Порше бележат раст на продажбата и тоа за 3,5 отсто, односно за 13,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП