20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкок на Волстрит за над 1 отсто

Скок на Волстрит за над 1 отсто

pad-berzite

Цените на акциите на Волстрит во понеделникот пораснаа за над 1 отсто, пред се во енергетскиот сектор, бидејќи инвеститорите сметаат дека терористичките напади во Париз нема да имаат поголемо влијание врз американската економија и заработката на компаниите.

Dow Jones зајакна 237 поени, или 1,38 отсто, на 17.482 поени, додека S&P 500 скокна 1,49 отсто, на 2.053 поени, а Nasdaq индексот за 1,15 отсто, на 4,984 поени.

На самиот почеток на вчерашното тргување индексите беа во минус, додека инвеститорите ги анализираа можните последици на терористичкиот напад во Париз, во кој беа убиени над 130 лица.

Но, набрзо пазарот ја промени насоката, па сите 10 сектори од составот на S&P 500 вчера добија на вредноста, при што Dow Jones забележа најголем дневен скок од 22 октомври.

„Берзите постепено стануваат имуни на овие настани. На самиот почеток имаше малку панично тргување, но посмирените инвеститори ја свртеа насоката на пазарот“, вели Џон Бреди, директор во компанијата R.J. O’Brien & Associates.

Најмногу, за 3,2 отсто, скокнаа цените на акциите во енергетскиот сектор, благодарение на расот на цената на нафтата откако Франција покрена воени напади врз исламската држава во Сирија.

Меѓутоа, паднаа цените на акциите на авиопревозниците, како што се American Airlines, United Continental и Delta Airlines – помеѓу 1,2 и 2,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП