8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Hon Hai ги надмина очекувањата

Профитот на Hon Hai ги надмина очекувањата

foxxon

Тајванскиот подбавувач на „Apple“, „Hon Hai Precision Industry“, ака „Foxconn“, забележа профит, кој ги надмина очекувањата на аналитичарите. Најдобрите резултати се должат на подобрувањето на ефикасноста на производството и во високата побарувачка на уреди на „Apple“, пишува „Bloomberg“.

Нето добивката на компанијата за третиот квартал се зголеми за 11% до 37,9 милијарди тајвански долари (1,15 милијарди долари). Тоа е повеќе од просечната оценка на аналитичарите за 34,8 милиони тајвански долари.

„Hon Hai“ доби поголем дел од своите приходи за третиот квартал од „Apple“, која го обнови својот паметен телефон „iPhone“.

Растот на приходите достигна 12% и е најголем во последниве пет години. Од своја страна, „Apple“ предвидува рекордна продажба во декември поради високата побарувачка на нејзините најпродавани производи.

Приходите на Hon Hai достигнаа 1070 милијарди тајландски долари, надминувајќи ги очекуваните 1020 милијарди тајландски долари, каква беше просечната оценка на аналитичарите.

Покрај операциите поврзани со „iPhone“, „Hon Hai“ произведува компјутери, смартфони, сервери и гејмерски конзоли за други клиенти, вклучувајќи ги „Sony“ и „HP“.

Бруто маржата за периодот достигна 7,2% и е во согласност со очекувањата на аналитичарите.

Оперативната добивка, имајќи ги предвид научните истражувања и административните трошоци, скокна за 22% до 38,2 милијарди тајвански долари, во споредба со 36,4 милијарди тајвански долари, очекувани од експертите.

„Apple“ продаде помалку од очекуваните 48 милиони примероци на „iPhone“ во текот на кварталот кој заврши на 26-ти септември, но предвидува рекордни приходи за декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП