2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Ќе ги укинам даноците за сиромашните и ќе го „одерам“ Wall...

Трамп: Ќе ги укинам даноците за сиромашните и ќе го „одерам“ Wall Street

1447761929donald-trump

Републиканскиот претседателски фаворит изнесе низа даночни предлози, вклучувајќи ја и нулта стапката за оние со мали приходи и намалувањето на даноците за корпорациите, а „Wall Street“ финансиерите, сепак, ќе мораат да платата повеќе.

Републиканскиот претседателски фаворит Доналд Трамп ги претстави своите даночни планови, вклучувајќи го и предлогот да се наметнат поголеми даноци за банкарите на „Wall Street“, а да се намалат сојузно-корпоративните даноци и целосно да се укинат даноците на добивка за луѓето со ниски приходи.

„Тоа е значително намалување за луѓето со средни приходи. Затоа што нашиот среден слој е апсолутно десеткуван.  Исто така корпоративните намалувања мислам дека ќе бидат голем поттик за корпорациите. Голем дел од нашата земја ќе има нулта стапка, нулта стапка! Зборуваме за луѓе со ниски приходи кои не би требало да плаќаат данок, а многумина од нив и онака не го плаќат, изјави Трамп во интервјуто.

Републиканската партија дополнително ќе го претстави својот предлог за даночната политика во целина на конференцијата за новинарите во Кулата Трамп. Во текот на интервјуто, со ветувањето за даночни олеснувања за корпорациите и лицата со ниски и средни приходи, тој ги издвои банкарите од „Wall Street“ и оние кои планира повеќе да ги оданочува.

Јас сум прилично добар републиканец. Но, ќе ви кажам, јас донекаде се разликувам (во однос на партијата). Не сакам одредени луѓе од „Wall Street“ да се извлечат и да не плаќаат даноци, наведе Трамп.

На фаворитот за републиканската номинација му беше поставено прашање за тоа како САД ќе ги финансира таквите мерки, кога е познато дека федералниот долг изнесува 19 милијарди долари. Трамп одговори дека таквите даночни олеснувања ќе бидат овозможени со зголемување на работните места во САД за луѓето од другите земји. Неговата економска политика има намера да ги спречи во користењето на методите со девалвација на валутата да ги намалат своите трошоци за производство.

„Ако ги вратам бизнисите од Кина, Јапонија, од Мексико, од толку многу земји…. Сите тие ја земаат нашата работа“

„Тие не го почитуваат нашиот претседател. Не ја почитуваат нашата држава. Мене ќе ме почитуваат. Нема да можат тоа да го прават“, изјави Трамп.

„Ако не седнат на маса, ќе добијат данок кога ќе ги увезат производите во оваа земја. И ќе мораат да бидат послушни“.

Трамп го заврши интервјуто со наведувањето на своите мотиви за претседателската кандидатура.

„Ја сакам својата работа. Не го сакав ова. Само видов дека државата ни оди по ѓаволите. И почувствував потреба да изреагирам“, објасни тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП