18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна асфалтирањето на пристапната сообраќајница до Штип при влез од Кочани

Започна асфалтирањето на пристапната сообраќајница до Штип при влез од Кочани

asvaltiranje

ЈП за државни патишта во вторник започна со асфалтирање на пристапната сообраќајница до Штип при влез од Кочани, од триаголникот кај Чардаклија, па сè до кружниот тек кај „Железничка“.

„Благодарение на финансиската поддршка на ЈП за државни патишта и Македонската Влада, започнуваме со уредување на уште еден од влезовите во Штип. Со ова практично сите влезови во градот ќе бидат асфалтирани. Во 2013 беше асфалтирана обиколницата во Ново Село, при влез од Струмица и Радовиш, пред некој месец го завршивме влезот во Штип од Скопје и Велес а сега го уредуваме влезот и од Кочани кон Штип и сето тоа со финансиска поддршка на ЈП за државни патишта за што сме неизмерно благодарни“, речеградоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Според Захариев, сега ќе биде поставен едниот слој на асфалтот,  а на пролет ќе биде поставен порамнувачкиот слој со што комплетно ќе се обнови сообраќајницата.

Ние побаравме 15 милиона денари, но во оваа прва фаза одобрени се пет милиона денари за првиот слој. Целта е да се оспособи сообраќајницата бидејќи ова е една од најоштетените улици во Штип и беше срамно кога посетители доаѓаат тука да го видат ова. Веќе на пролет со порамнувачкиот слој комплетно ќе се уреди патот. Сообраќајницата е во должина од над 2.5 километри и претставува значаен проект не само за Штип туку и за регионот“, напомена Захариев.

До крајот на годината е предвидено асфалтирање на пет помали улици во населба Три Чешми и следи асфалтирање на дел од улица „Вардарска“, а на пролет започнува новата сезона, за што тендерски постапки веќе течат.

Според Захариев на пролет ќе се асфалтира патот до село Суво Грло, а ќе се работи и на патно спојување помеѓу селата Врсаково кое неодамна доби асфалтирани улици и Трогерци, како и улици во месноста Света Недела и Дузлачки рид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП