8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА7 грешки кои добриот презентер никогаш не ги прави

7 грешки кои добриот презентер никогаш не ги прави

prezenter

Имате ли силна желба да станете добар презентер? Дали од друга страна се плашите од неуспехот? Првило број еден: престанете да зборувате за она што не го сакате, а нагласокот ставете го на она што го сакате!

Еве неколку грешки кои добрите презентери речиси никогаш не ги прават и совети како и вие да ги избегнете:

1. Не доаѓаат неподготвени на јавен настап

Половина работа од успешното презентирање е добрата подготовка. Успешните говорници преку подготовката ја зајакнуваат самодовербата и ги елиминираат стравовите пред презентацијата.

2. Вешто ја елиминираат нервозата

Нервозата често се јавува кога сакате нешто со што сеуште не сте се ускладиле. Со цел да се ускладите со верзијата од себе која има доволно самодоверба и не се плаши од неуспехот – добро подгответе се. Меѓутоа и покрај добрата подготовка, нервозата може да се појави. Успешните презентери знаат како да ја намалат и елиминираат. Обидете се да замислите како би изгледале и како би се однесувале без присутниот страв и нервоза, а потоа ставете се во таа улога се додека сами не станете тоа лице.

3. Внимаваат на говорот на телото

Невербалната комуникација и говорот на телото се клучни за оставање на добар впечаток. Добриот говорник е свесен дека не комуницира само со зборови, туку и преку своите потези. Избегнувајте врткање на косата и нервозно движење на рацете. Воспоставете контакт со очите на публиката и бидете отворени.

4. Не читаат, туку презентираат

Добриот говорник избегнува да чита од слајдови или од белешки. Нормално во ред е да се потсети, но постојаното отргање на погледот од публиката остава лош впечаток.

5. Говорат полека

Кога сте нервозни, може да ви се случи да зборувате пребрзо. Не само што публиката може да види дека сте нервозни, туку ќе има и потешкотии да ве разбере. Добриот говорник зборува полека, со смирен тон.

6. Го користат времето ефективно

Успешниот презентер секогаш внимава да не и здосади на публиката. Брзо преминува на суштината и го почитува пропишаното време за својот настап.

7. Не се плашат да погрешат

Стравот од грешки не е присутен кај успешните презентери. Грешките се нормална појава, не треба од нив да се прави голема работа. Show must go on!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП