2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК предупредува: Три земји на работ од прописите

ЕК предупредува: Три земји на работ од прописите

ek-predupredi

Европската комисија по прегледот на буџетските планови на членките, ги предупреди Австрија, Италија и Литванија дека ризикуваат да не ги исполнат европските прописи на еврозоната.

Комисијата, сепак, наведува дека ниту еден нацрт- буџет не е во сериозна спротивност со прописите на европската монетарна унија, пренесува агенцијата АП.

Проценката на буџетските планови е дел од напорите на земјите од еврозоната да ги ускладат прописите во светло на должничката криза која речиси доведе до распад на монетарната унија.

„Буџетите на повеќе земји во склад се, или во најголем дел се во склад со прописите, а зајакнувањето на економското закрепнување ќе придонесе за јакнењето на јавните финансии во членките на Унијата“, изјави комесарот на ЕУ задолжен за еврозоната Пјер Московиси.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП