7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците изумиле фластер што ја менува бојата кога ќе се појави инфекција

Научниците изумиле фластер што ја менува бојата кога ќе се појави инфекција

medicinski-flasteri

Медицински фластери и завои што ја менуваат бојата штом ‘детектираат’ развој на инфекција на изгореницата, раната или повредата, наскоро би можело да го намали непотребното користење антибиотици, тврдат научниците од Универзитетот во Бат, пренесува порталот Medical News Today.

„Перничето на фластерот е премачкано со флуоресцентна боја од нанокапсули, која ги поттикнува токсините во секретот што се излачуваат, предизвикувајќи инфекција на раната или површината зафатена со изгореница“, објасни докторот Тоби Џенкинс, водител на проектот и професор по биофизичка хемија на Универзитетот во Бат.

Тој додаде дека прототипот на новиот фластер би можел да спаси многу човечки животи, да заштеди пари и да помогне во решавањето на глобалниот проблем со резистентност на антибиотиците на тврдокорните бактерии.

Според него, прототипот на фластерот, откако ќе ја детектира бактеријата, ја менува бојата во рок од четири часа.

Новиот вид на фластер би им овозможил на лекарите на време да ја откријат потенцијалната бактериска инфекција и да започнат со нејзино лекување што поскоро, посебно кај децата со изгореници бидејќи тие се посебно чувствителни на развој на бактериски инфекции заради  сè уште неразвиениот имунолошки систем.

„Децата се посебно изложени на настанок на тешки инфекции. За да можеме со сигурност да дијагностицираме инфицирана изгореница, мора да поминат околу 48 часа. Дури и поблага инфекција може да го продолжи престојот на детето во болница, а во исклучително тешки случаи, исходот може да биде фатален. Значи, со оглед на тоа дека времето го одложува дијагностицирањето на инфекцијата, а ние сакаме да спречиме развој на бактериите што поскоро, често превентивно препишуваме антибиотици. Тоа, секако не е секогаш потребно бидејќи резултира со отпорност на одредени бактерии на антибиотиците, што е сè поголем проблем на глобално ниво“, вели доктор Амбер јанг, која работи на клинички истражувања за порано откривање на инфекциите во настанување.

Перничето на фластерот е премачкано со флуоресцентна боја од нанокапсули, кои ги имитираат клетките на кожата и се отвораат кога на изгореницата или раната почнат да се развиваат бактерии. Тоа не е случај со безопасните бактерии кои живеат на здрава кожа, појаснија научниците.

Членовите на лекарскиот тим на Тоби Џенкинс од Советот за медицински истражувања добиле милион фунти за да тестираат на кој начин прототипот на фластерот реагира на примероците земени од раните на лицата со здобиени изгореници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП