Американскиот ланец хотели „Marriott International“ договори купување на ривалската компанија „Starwood Hotels“ за сума од 12,2 милијарди долари.
Резултатот од спојувањето ќе биде создавање на најголемата хотелска компанија во светот, пренесува њујоршката агенција Блумберг.
Одборите на директори на двете компании едногласно го одобрија спојувањето, во чии рамки во сопственост на обединетата компанија ќе се најдат 5.500 хотели со повеќе од 1,1 милион соби ширум светот, пренесuва агенцијата Франс прес.
Станува збор за најголемата аквизиција на една хотелска компанија од 2007 година, кога „Blackstone“ групацијата го купи „Hilton“ за 26 милијарди долари, потсетува Блумберг.