5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина предупредува: Најдете нови извори на раст

Кина предупредува: Најдете нови извори на раст

kina-rasrt

Кинескиот претседател Сји Џинпинг изјави дека светот под итно мора да пронајде нови извори за економски раст, јавува кинеската агенција Синхуа.

„И покрај завршувањето на глобалната финансиска криза, светот искуси многу слабо економско закрепнување“, изјави Сји на состанокот со лидерите на Групата 20 најразвиени земји во светот (Г20) во Турција, додавајќи дека повеќе мора да биде направено, со цел да се обезбеди нова ера на глобален просперитет.

Според зборовите на Сји, напредокот на планот за реформирање на начинот за управување со глобалната економија е бавен, поради што светот треба да работи заедно со цел да оствари меѓународна економска соработка и развој, пренесува Ројтерс.

Во заедничкото соопштение, објавено по завршениот дводневен Самит во турското одморалиште Анталија, лидерите на 20-те најголеми светски економии соопштија дека остануваат посветени на планираното зголемување на заедничкиот бруто домашен производ (БДП) за дополнителни 2,0 проценти до 2018 година, и покрај тоа што економскиот раст е нерамномерен и послаб од очекувањата ширум светот, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП