17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на цената на нафтата поради геополитичката нестабилност

Раст на цената на нафтата поради геополитичката нестабилност

nafta kop

Цената на нафтата порасна на светските берзи поради геополитичката напнатост по терористичкиот напад на исламските милитанти во Париз, но растот го ограничи прекумерната понуда.

На лондонскиот пазар цената на барел сирова нафта за испораки во следниот месец пораснаа за 34 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 44,81 долар. За речиси исто толку беше во плус и на американскиот пазар, каде со барелот се тргува по 41,1 долар за барел.

Франција синоќа изведе големи воздушни напади на позициите на Исламската држава во Сирија, поради што инвеститорите тргнаа во засилено купување на нафта.

„По терористичките напади во Париз во цената на нафтата е пресметана и одредена премија на ризик. Претходно сведочевме за прекумерни продажби, па ова сега е воедно и техничко закрепнување“, констатираше Франк Клумп од Landesbank.

Неименуван претставник на една држава од регионот на Персискиот залив при OPEC изјави за Reuters дека верува дека на среден рок зголемената напнатост би можела да ја крене цената на нафтата, особено ако меѓународната заедница преземе дополнителни чекори против криумчарењето на нафта и ако ги нападне нафтените постројки под контрола на Исламската држава во Сирија и Ирак.

Поголем раст сопреа стравувањата дека нападите дополнително ќе ја забават светската економија, а товар и натаму ќе биде натамошното прекумерно снабдување.

„Нашата прогноза за првата половина од наредната годината е негативна. И натаму се присутни негативните макроекономски движења, да растат и залихите на сирова нафта“, истакнуваат од Morgan Stanley.

Од Меѓународната агенција за енергетика (IEA) проценуваат дека во сладиштата ширум светот на крајот на септември биле складирани рекордни три милијарди барели сирова нафта и нафтени деривати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП