20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе средства за бегалците и економскиот раст во Буџетoт на ЕУ за...

Повеќе средства за бегалците и економскиот раст во Буџетoт на ЕУ за 2016-та

buget 3350

Европскиот парламент, Советот и Европската комисија успеаа да постигнат договор за буџетот на заедницата за следната година, станува јасно од порака од Брисел. Компромисот беше пронајден за време на разговорите во т.н. „комисија за помирување“, која се одржаа викендов, односно пред крајниот рок, кој истекува на 18-ти ноември.

По постигнатиот договор во 2016-та година ЕУ ќе располага со буџет од 155 милијарди евра во форма на обврски и 144 милијарди евра – плаќања, односно реални трошоци. Речиси половина од финансирањето (69,8 милијарди евра) ќе бидат искористени за промовирање на економскиот раст на заедницата, зголемување на вработеноста и конкурентноста.

Зголемуваат се средствата по различни програми за подобрување на иновацијата (како што е „Хоризонт 2020“) – со 11,6% во однос на оваа година до вкупно 10 милијарди евра. 1,8 милијарди евра пак ќе одат за европските програми за обука едукација, меѓу кои и за „Erasmus +“. Тоа е за 30% повеќе во однос на средствата во текот на оваа година.

Од ЕК посочуваат дека повеќе од 4 милијарди евра ќе бидат насочени за решавање на бегалската криза во ЕУ и за земјите на потекло на бегалците. Значи парите по оваа ставка за 2015-та година и 2016-та година ќе надмине 10 милијарди евра.

2 милијарди евра од обврските и 500 милиони евра од реалните плаќања ќе бидат искористени за гаранции за Европскиот фонд за стратешки инвестиции, за да бидат одблокирани средства од фондот „Јункер“.

Се очекува Советот на ЕУ да ја одобри новата буџетска рамка на 24-ти ноември, а ден подоцна таа да биде разгледана и од европските пратеници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП