12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПредводникот на Hyundai се покажа поголем од S-Class

Предводникот на Hyundai се покажа поголем од S-Class

g90 mode3

„Hyundai“ откри детали за својот нов предводник – седанот „G90“ кој ќе се нуди под новиот бренд на Корејците, „Genesis“. Продажбата на автомобили ќе стартуваат во декември во Јужна Кореја, а од почетокот на 2016-та година моделот ќе се појави на пазарот во Европа.

Новиот „Genesis G90“ ќе се нуди во две верзии – стандардна и продолжена. Во првиот случај должината ќе биде 5205 милиметри, а растојанието помеѓу двете оски – 3160 мм. Во вториот должината ќе достигнува 5495 мм, а меѓуоскиното растојание – 3450 мм. Тоа значи дека корејскиот предводник ќе е подолг и попростран од „Mercedes-Maybach S-Class“, при што параметрите се соодветно 5453 mm и 3365 mm.

Малку повеќе од половината од каросеријата на „G90“ – 51,7%, е направен од лесен челик, а голем број компоненти се произведуваат по специјален метод на температура од 900 степени.

Меѓу специјалните технологија на „G90“ ќе бидат систем за полуавтономно управување, со кој ќе може да се управува возилото без возач, а исто така адаптивна суспензија, систем за попречувањето на бучавата и „VIP“ задни седишта од највисока класа со индивидуални подесувања за читање, гледање видео или одмор.

Во палетата на мотори за моделот ќе влезат 3 агрегати – 3,3-литарски „Lambda V6 Turbo GDi“ со 370 КС, 3,8-литарски „Lambda V6 GDi“ со 380 КС и 5,0-литарски „Tau V8 GDi“ со 425 КС.

По „G90“ компанијата „Hyundai“ ќе објави уште два седани – „G80“ и „G70“, како и спортско купе и кросовер. До крајот на деценијата во палетата на „Genesis“ ќе влезат вкупно 6 модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП