ЕКОНОМИЈА

Во септември индексот на прометот во индустријата изнесуваше 114.8

industrija 3405

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во септември 2015-та година, во однос на септември 2014-та година, изнесува 114.8.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2015-та, во однос на септември 2014-та година, бележи опаѓање од 0.6%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 19.6%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2015-та година, во однос на септември 2014-та година, бележи опаѓање од 6.8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 15.8%.

Според главните индустриски групи, прометот во септември 2015-та година, во однос на септември 2014-та година, бележи пораст кај Интермедијарните производи, освен енергија за 29.4%, Капитални производи за 13.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 61.6% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.9%.

Индексот на прометот во индустријата во септември 2015-та година, во однос на август 2015-та година, изнесува 117.1,  додека во периодот јануари-септември 2015-та година, во однос на периодот јануари-септември 2014-та година, изнесува 109.2.