18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на трговијата на мало во третиот квартал од 2015

Раст на трговијата на мало во третиот квартал од 2015

trgovija-na-malo

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје е зголемен за 0.1 процентен поен во однос на претходното тримесечје, а за 1.4 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година.

Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2015 година е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а е поповолна во однос на третото тримесечје од 2014 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е зголемена во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во третото тримесечје од 2015 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2015 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголемат.

Продажните цени во третото тримесечје од 2015 година се исти како и во претходното тримесечје од 2015 година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се зголемат.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2015 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 23.1%, добивањето на банкарски кредити со 15.1% и зголемената понуда на пазарот со 13.4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП