18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да постапите со некој кој е „тежок“ за соработка?

Како да постапите со некој кој е „тежок“ за соработка?

Business competition

Тие потиснуваат и ги обвинуваат другите луѓе, бесни се кога не е се по нивно, сакаат да се жалат и приговараат. „Тешките луѓе“ ги среќавате и во деловниот и во приватниот живот. Решението, како да се справите со нив, ви го нуди Марк Гулстон, психијатар и автор на книгата „Just Listen: Discover the Secret to Getting Through to Absolutely Anyone“.

Кога еднаш ќе утврдите дека некој е тежок за соработка, не мислете дека следниот пат ќе биде подобар. Прилагодете ги своите очекувања во однос на тоа лице и кажете си самите на себе „Одиме од почеток“. Направете емотивна дистанца од таквите лица и не дозволувајте ништо да ве изненади.

Кога таквиот тип на лица нема да го добијат тоа што го сакаат, може да направат да се чувствувате очајно или да збеснете, но запомнете, тоа не е ваш проблем, туку нивни. Гулсон вели:

„Повеќето луѓе кои се тешки за соработка провоцираат за да сокријат нешто – недостатокот на стручност, недостатокот на способност или нешто што требало а не го направиле. Провоцирајќи не со нервоза, жалење и приговори, тие се обидуваат да ни го оттргнат вниманието од она што тие го кријат“.

Не навлегувајте во расправија. Останете смирени и концентрирани на работата. Не ги прекинувајте кога говорат, со цел ситуацијата да не излезе надвор од контрола. Кога ќе дојде вашиот ред за зборување, применете ги следните методи.

Кажете: „Можете ли да го повторите тоа што го кажавте, но со смирен тон? Многу работи кои ги кажавте не успеав да ги разберам“.

Или запрашајте ги: „Дали навистина верувате во тоа што сега го кажавте? Изгледа дека сте нервозни… што се случило?“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП