Преговорите за висината на платата наликуваат на сите други преговори, освен што тие вклучуваат и многу лични нешта бидејќи сепак станува збор за вашите идни примања и вашето мислење за тоа колку вредите.
Овие реченици повеќе можат да ви наштетат отколку да ви бидат од корист:
„Прифаќам“ (првата понуда)
Немојте преговорите да ги завршите пред да ги почнете
Барам Х денари
Морате да оставите простор за преговори. Повеќето експерти се сложуваат дека би било добро да го оставите работодавецот прв да понуди износ па потоа да преговарате
„Тоа е се што нудите?“
Дури и ако мислите дека износот е смешен никогаш немојте да го кажете ова бидејќи ќе звучи навредливо
„Имам други, многу подобри понуди“
Дури и ако е вистина, немојте тоа да го користите како аргумент.
„Не“
Ве потсетуваме, станува збор за преговори. Дајте контрапредлог и обидете се да се договорите околу посакуваниот износ.
„Слушам дека на другите им нудите Х денари, а јас сум вреден работник“
Не користете непроверени информации во преговорите и не се споредувајте со другите. Тоа е непрофесионално!
„Најмалиот износ со кој ќе се согласам е…“
Ако го кажете тоа, а работодавецот не се согласи, преговорите се готови, а вие ќе морате да си одите од работа.
Кога преговарате за износот на платата морате да бидете директни, пристојни и кратки во преговорите, покажете дека сте професионалец, способен и вреден член на тимот.