11 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoche затвора четири погони, откази за 1.200 работници

Roche затвора четири погони, откази за 1.200 работници

BN-FA428_roche1_G_20141015124623

Швајцарската фармацевтска групација „Roche“ има намера за угаси четири производствени погони во рамките на реструктуирањето на ланецот за производство на мали молекули.

Затворањето на производствените погони подразбира и затворање на околу 1.200 работни места.

„Roche“ активно бара модел за гасење на овие производни единици, со цел што е можно повеќе да се огранични можноста укинување на работните места во фабриките во Клеркас во Ирска, во Леганес во Шпанија, во Сеграт во Италија и во Фиренца во САД, се наведува во соопштението на компанијата.

Се очекува дека со гасењето на овие производствени погони до 2021 година ќе се заштедат 1,6 милијарди франци (1,48 милијарди евра).

Паралелно со гасењето на четирите фабрики, компанијата има намера да инвестира 300 милиони франци во инфраструктура во Швајцарија, каде ќе се произведува новата генерација на лекови кои се потпираат на мали молекули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП