18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција и кредиторите засега без договор

Грција и кредиторите засега без договор

atina 333

Грција и нејзините кредитори не успеале да постигнат конечен договор по 17 часовни преговори, кои беа завршени денеска во раните утрински часови, бидејќи останале разликите меѓу двете земји по контроверзното прашање за лошите банкарски кредити, соопшти грчката агенција „ANA-MPA“, цитирана од светските агенции.

Консултациите ќе продолжат и денеска, а е многу веројатно да се одржи и нов состанок на грчкиот економски тим со премиерот на земјата, Алексис Ципрас.

Според извори од Министерството за финансии во Атина и нејзините кредитори постигнале согласност за промените поврзани со раководствата на банките и улогата на грчкиот фонд за финансиска стабилност во врска со нивната рекапитализација.

Потсетуваме дека во минатиот понеделник министрите за финансии од еврозоната, кои се собраа во Брисел, изјавија дека очекуваат најдоцна во почетокот на оваа недела компромис по доделувањето на 12 милијарди евра на Грција, вклучувајќи транша од 2 милијарди евра од третиот спасувачки пакет за земјата и уште 10 милијарди евра за рекапитализација на нејзините банки.

Во четвртокот Грција беше парализирана од првиот 24-часовен голем штрајк во управувањето на СИРИЗА. Двата главни синдикати во земјата – Генералната конфедерација на трудот (ГСЕЕ) и Федерацијата на државните службеници (АДЕДИ), организираа протести против мерките на владата, се применуваат во одговор на барањата на доверителите.

На седницата на владата пред две недели недели Ципрас истакна дека ќе биде катастрофално за управување, ако се почитуваат автоматските барањата на доверителите без да се земат предвид и општествените расположенија. Тогаш тој вети дека целите ќе се постигнат по преговорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП