17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија повторно е во рецесија

Јапонија повторно е во рецесија

japan street43

Јапонија повторно се враќа кон рецесија во третиот квартал, откога нејзиниот бруто домашен производ (БДП) се намали за 0,2%, покажуваат прелиминарните податоци на владата. На годишна основа намалувањето е за 0,8%, забележува „BBC“.

Во претходниот квартал јапонската економија се намали за 0,7%. Од избивањето на светската финансиска криза, Јапонија беше во рецесија четири пати.

Третата по големина економија во светот го зема во предвид овој пад, како и пред една година по слично „сценарио“ кога следеше „болното“ кревање на ДДВ, но и е нов удар за премиерот Шинзо Абе и неговата т.н. „Абеномика“ – амбициозната стратегија, објавена во крајот на 2012-та година за заживување на економијата.

Аналитичарите, анкетирани од агенцијата „Bloomberg“, прогнозираа намалување за 0,1 отсто во претходниот квартал.

Потрошувачката на домаќинствата, што создава 60% од БДП на Јапонија, малку се оживува, пораст од 0,5% во третиот квартал во однос објавените минус -0,6% во претходниот.

За сметка на тоа, сепак компаниите ќе продолжат да ги задржат своите инвестиции, што е сигнал за нивната внимателноста спрема доцнењето во Азија и најмногу во Кина – основниот трговски партнер на Јапонија.

Економистите предвидуваат дека слабите податоци ќе покажат уште поголем притисок врз централната банка и Владата да продолжи со програмата за стимулации.

„Иако постојат ризици како тенденции во странство, очекуваме економијата да се насочи кон умерено закрепнување благодарение на ефектите од различните мерки за стимулации, земени досега“, смета министерот за економија Акира Амари.

Јапонскиот главен индекс „Nikkei 225“ го заврши последното тргување со над 1% намалување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП