5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААМСМ: Возете внимателно и почитувајте ја сообраќајната сигнализација

АМСМ: Возете внимателно и почитувајте ја сообраќајната сигнализација

avtopat152

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП