18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштен во сообраќај нов модерен воз

Пуштен во сообраќај нов модерен воз

voz-grujo

Во неделата, беше пуштен во сообраќај првиот нов електромоторен воз на Македонски железници АД Транспорт, набавен од Кина.

Возот беше промовиран на скопската Железничка станица, по што се упати кон Велес, а во него се возеа премиерот НиколаГруевски, владини министри и медиумски екипи.

„Помината е цела една историја во која никој не се погрижил да набави нови возови за македонските граѓани. Жално е што ниту една влада не се сетила на македонски железници, на македонските патници и станици, а од друга страна горди сме што стартуваме со крупни проекти кои севкупно ќе го подобрат имиџот на железничкиот сообраќај во Република Македонија. На почетокот од оваа година ги пуштивме во употреба 150 нови транспортни вагони, инвестиција вредна 13,2 милиони евра. Ќе пристигнат уште пет нови возови, капитална инвестиција од околу 25 милиони евра“, изјави премиерот Груевски.

Возот е изработен согласно техничките стандарди за интероперабилност на ЕУ.

„Тековните проекти за купување нови возови и вагони, за реновирање на железничките станици, на халите за одржување, како и за обнова и изградба на нови железнички пруги, посочи премиерот, претставуваат вкупна инвестиција вредна 600 милиони евра“, рече Груевски.

Со вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за транспорт Владо Мисајловски, претставници на кинеската компанија и на МЖ Транспорт  и кинескиот амбасадор во Македонија Вен Жен Шун беа меѓу првите патници на промотивното возење.

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски вели дека ова е исполнување на уште едно ветување дадено до граѓаните.
„ Од денеска по македонските пруги ќе возат нови возови. Она што го ветивме пред граѓаните, го остваруваме“, рече Мисајловски.

ЦСР, согласно договорот на МЖ Транспорт треба да испорача уште еден електромоторен воз до крај на годинава, а во  првиот квартал следната година четири воза на дизел погон, информира министерот Мисајловски.

Возот е со капацитет од 200 патници и е е еден од најсовремените произведени возови, направен согласно сите стандарди на ЕУ.
Исто така, завршуваат активностите за обнова на Железничката станица во Скопје, во што се инвестирани 2,6 милиони евра, а во тек се такви активности за реконструкција на уште десет железнички станици долж Коридорот 10, кои чинат 2,5 милиони евра.

Новиот воз е со капацитет за 200 патници и ќе сообраќа на пругите каде што има електрично напојување. Возот е со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети.

Од кинеска ЦСР, Македонија набави шест воза, два електромотрони и четири на дизел погон, со вкупен капацитет за 1.200 патници. Според договорот, останатите пет воза треба да бидат испорачани на почетокот на следната година. Инвестицијата за набавката изнесува 25 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП