5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмногу се извезува конзервиран зеленчук

Најмногу се извезува конзервиран зеленчук

tursija

Минатата година од Македонија се извезени вкупно 46,5 илјади тони преработки на овошје и зеленчук, што е за 3,1 отсто повеќе споредено со претходната година.

Минатата година најмногу се извезувал конзервиран зеленчук. Според податоците на Асоцијацијата лани биле извезени 35,8 илјади тони преработки од зеленчук во вредност од 40,7 милиони евра, по нив следат преработките на овошје или вкупна количина од 10,6 илјади тони или 10,3 милиони евра.

Извозот на ајвар, пинџури, компоти, слатко, мармалади и други конзервирани производи урива рекорди. Освен зголемување на количината на извезени конзервирани производи, за 3 отсто е зголемена и вредноста која за цела 2014 година изнесува вкупно 51,2 милиони евра што е рекордна вредност.

Податоците на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) покажуваат дека континуирано расте извозот на конзервната индустрија а македонските конзервирани производи од овошје и зеленчук се повеќе ги освојуваат светските пазари.

Така во 2013 година извозот на преработки од овошје и зеленчук изнесувал 43,5 илјади тони во вкупна вредност од 48,1 милиони евра, во 2012 година изнесувал 40,5 илјади тони и вкупно 46,1 милиони долари, во 2011 година биле извезени производи во вкупна количина од 39,2 илјади тони или вредносно 42,3 милиони евра, додека во 2010 година или пред пет години извозот бил за една третина помал или 39 илјади тони во вкупна вредност од 39 милиони евра.

Според податоците на МАП, најголем дел од производите се продаваат на европскиот пазар, односно минатата година биле извезени вкупно 27,6 илјади тони преработки во вкупна вредност од 28 милиони евра, што е 59,5% од вкупната вредност на извоз на конзервната индустрија. По ЕУ земјите следи Србија каде се извезени 16% од вкупната количина на производи пласирани на странски пазари, по што следи Босна и Херцеговина со 6 отсто од вкупниот извоз и Косово со 5,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП