5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседателот на ССК меѓу светските бизнис лидери на Самитот Б20/Г20

Претседателот на ССК меѓу светските бизнис лидери на Самитот Б20/Г20

sskssk

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, учествува на годинешниот дводневен Самит Б20/Г20 кој се одржува во Анталија, Турција.  

Б20 е собир на светските бизнис лидери, чија главна задача е да дадат препораки за унапредување на економската активност, која има клучна улога во постигнувањето на силен, одржлив и балансиран раст на светско ниво.

Заедно со шефовите на Владите на најмоќните земји, светските бизнис лидери Б20, два дена ќе дебатираат на повеќе теми. Во фокусот на бизнисот се растот и инвестициите, како и трговијата, работните места и конкурентноста. Со оглед на тоа што економскиот раст на глобално ниво не е на задоволително ниво, учесниците ќе дебатираат за имплементација на структурни реформи за раст, како и за подобрување на квалитетот на јавните и приватните инвестиции особено во инфраструктурата, а ќе бидат вклучени прашања и за енергетика и климатски промени. Учесниците ќе дебатираат и за тоа како да се отстранат бариерите за трговија и да се изгради повеќе ефикасен глобален систем, вклучувајќи ја дигиталната трговија. Ќе се разговара и за препораките на Б20, предложени на разгледување до лидерите на Г20 во насока на зголемување на конкуренцијата, со цел да се намалат можностите за корупција и да се создаде поволна бизнис клима за претприемачите, малите и средни претпријатија.

Домаќин на самитот Г20 ќе биде претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. На самитот најавено е присуство на американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин, потоа британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд, претседателот на Кина Џи Јинпинг и другите претседатели на држави и влади на земјите учеснички на самитот. Покрај бизнис аспекот на Б-20 како бизнис крило на Г-20, на самитот како најзначајни точки на дневен ред ќе бидат и борбата против тероризмот и мигрантскиот проблем.

Вклучувањето на Б20 групата во работата на Г-20 во текот на годините доби големо значење, како одраз на реалноста дека закрепнувањето од глобалната финансиска криза бара акција од целото општество.

Минатата година самитот се одржа во Бризбен, Австралија, а в година ќе биде во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП