
Околу 200 милиони емигранти, односно луѓе, кои си заминале од матичната земја, во моментов се регистрирани на светскиот пазар на труд.


Околу 200 милиони емигранти, односно луѓе, кои си заминале од матичната земја, во моментов се регистрирани на светскиот пазар на труд.
Според податоци на истражувањето на Би-Би-Си за мобилноста на работната сила и можностите за вработување, најбарани на светскиот пазар, а со тоа и во Европската унија во моментов се медицинските експерти, каде спаѓаат лекарите и медицинските сестри. Дури 21 земја има сериозен дефицит во оваа сфера.
На цена особено се физиотерапевтите, кои без проблем ќе најдат работа во Австралија, Канада, на Нов Зеланд и во САД, додека во Европа дефицит во оваа професија е забележан во Белгија.
Високообразованите експерти, инженери од сите струки, на цена се во цела Европа.
Посебно се издвојуват инженерите од градежништвото, електротехниката, електрониката, хемијата, рударството, инженери и проектанти на компјутерски системи, како и програмери.
Проценките, базирани на економската состојба во ЕУ во 2008 година, говорат дека на Унијата во следните 37 години, до 2050 година, ќе и бидат потребни 56 милиони емигранти на пазарот на труд.