16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Италија продолжува да расте

Јавниот долг на Италија продолжува да расте

Italijanska-zastava-600x330

Јавниот долг на Италија е зголемен за седум милијарди евра и во месец септември достигна 2,19 илјади милијарди евра, што е нешто помалку од досега рекорниот долг, соопшти вчера Банката на Италија.

Најголемиот јавен долг на Италија од 2,20 илјади милијарди евра е забележан во мај кога тој изнесуваше 133,1 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Италијанскиот јавен долг е втор според големината во еврозоната, зад грчкиот, пренесува агенцијата Анса.

Даночните приходи на Италија во девет месеци заклучно со септември пораснале за 3, проценти на годишно ниво на 288,8 милијарди евра, се наведува во соопштението на банката. Официјален Рим веќе со години се обидува да се избори со проблемите со затајување на данок, кој според проценките, годишно изнесува и до 150 милијарди евра.

Податоците на италијанскиот Завод за статистика покажаа дека БДП на Италија во третиот квартал е зголемен за само 0,2 проценти во однос на претходните три месеци, потфрлувајќи во однос на очекувањата, со што е потврдено сценариото за скромното закрепнување на економијата по три години рецесија.

Во однос на третиот квартал од минатата година, италијанската економија покажува раст од 0,9 проценти, додека економистите прогнозираа раст од 1,0 проценти.

Закрепнувањето на италијанската економијата засега главно зависи од надворешните фактори, во прв ред од политиката на ЕЦБ која обезбедува одржување на ниските каматни стапки, слабоста на еврото, што ги погодува извозниците, како и ниските цени на енергијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП