3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпортистите кои заработија најмногу во последниве 10 години

Спортистите кои заработија најмногу во последниве 10 години

sports plateni

Списанието „Forbes“ неодамна објави листа со спортистите кои заработија најмногу во последниве 10 години.

Во рангирањето земаат учество спортисти кои се активни во голем дел од изминатата деценија, што е и причината за отсуството на Мајкл Џордан од неа.

Спортистот кој најмногу заработи во последните 10 години е голферот Тајгер Вудс, а на неговото конто има 845 милиони долари. Неговите приходи од почетокот на неговата професионална кариера изнесуваат 1.4 милијарди долари.

Втората позиција е за боксер Флојд Мејведер со 660 милиони долари, а трет е кошаркарот Коби Брајант со 475 милиони долари. Мејведер веќе објави откажување од професионалниот спорт, додека Брајант е во последната сезона од договорот со Лос Анџелес Лејкерс.

Друг кошаркар – Леброн Џејмс, е на четвртата позиција со 472 милиони долари, откако го замени голферот Фил Микелсон, кој заработи 4 милиони долари помалку. Шестти во рангирањето е ѕвездата од машкиот тенис во изминатата деценија – Роџер Федерер со 455 милиони долари, следен од Дејвид Бекам со 441 милиони долари.

Боксерот Мани Пакјао (432 милиони долари) и двајцата најдобри фудбалери денес, Кристијано Роналдо (407 милиони долари) и Лионел Меси (350 милиони долари) ја дополнуваат топ 10 листата.

Тенисерката Марија Шарапова е единствената жена во листата со 250 милиони долари, кои беа доволни таа да ја заземе 18-та позиција.

sports plateni2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП