4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар добар ученик на ЕУ, бележи константен раст

Кипар добар ученик на ЕУ, бележи константен раст

kipar-kiparrrr

Економијата на Кипар, кој прими помош, се одалечи од рецесијата во третиот квартал, заклучно со месец септември, забележувајќи го третиот последователен квартален раст.

Според сезонски прилагодените податоци, економијата во третиот квартал пораснала за 0,5 проценти, по растот од исто така 0,5 проценти во вториот и 1,3 проценти во третиот квартал, пренесува агенцијата Франс прес.

Се смета дека економијата официјално излегла од рецесија кога два последователни квартали забележила позитивен раст.

На годишно ниво, економскиот раст во третиот квартал изнесувал 2,2 проценти, по растот од 0,6 проценти во вториот квартал, наведува кипарскиот Завод за статистика. Растот е забележан во секторите на преработувачката индустрија, трговијата, транспортот, технологијата и финансиските услуги.

Кипар три години беше во рецесија поради строгото буџетско штедење кое Владата го воведе во замена за финансиската помош од ЕУ. Во замена за 10 милијарди евра помош, Кипар во март 2013 година се согласи да ја затвори втората по големина банка Лаики и да ги замрзне депозитите во најголамата банка, Банката на Кипар. Владата во Никозија планира да излезе од програмата за помош во текот на 2016 година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП