ЕКОНОМИЈА

Пад на грчката економија за 0,5 отсто во третиот квартал

grcka vlada

Бруто домашниот производ (БДП) на Грција падна во третиот квартал од 2015-та година за 0,5 отсто, објави грчкиот завод за статистика, пренесе АФП.

По две тромесечја на економски раст овој пад е очекуван и покрај добрата туристичка сезона.

Европската комисија прогнозира дека Грција повторно ќе падне во рецесија во оваа и во следната година.

Во 2014-та година грчката економија го забележа единствениот позитивен резултат по повеќегодишна пауза и оствари раст од 0,7 отсто.