19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичката понуда на Охрид презентирана во Германија

Туристичката понуда на Охрид презентирана во Германија

ohrid 300550

Туристичката понуда и традиционалните вредности на Охрид беа презентирани на саемската манифестација за традиционална култура и туризам што се одржа во германски Нојкиршен.

Презентацијата на Охрид како туристичка дестинација предизвика интерес кај посетителите на манифестацијата при што голем број од прашањата беа поврзани со превозот до Охрид, односно дали има директни летови до Охрид.

Во склоп на активностите беше разговарано и за воспоставување на партнерска соработка помеѓу Охрид и Нојкиршен, меѓутоа и со градот партнер на оваа манифестација Устрон од Република Полска.

Регионот на градовите Нојкиршен-Флин, Морс, Есен, Оберхаузен, Крефелд, Диселдорф, Фенло географски се наоѓа во близина на холандско-германската граница, при што на посетителите им беа презентирани можностите да ги користат туристичките пакети кои се нудат во Холандија и чартер летовите од Амстердам.

Оваа регионална, саемско – изложбена, манифестација преставува извонредна можност за целосна промоција на Охрид како туристичка дестинација во која меѓу другото има  традиционални занаети и надалеку познати национални специјалитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП